Eduresurs - Најава

Интеркултурна воспитно-образовна платформа

Недела, 26 Септември 2021

Добредојдовте на eduresurs.mk

Регистрирањето на платформата е отворено за сите учесници во образовниот процес.

За интеркултурна воспитно-образовна платформа

Интеркултурна воспитно-образовна платформа е градена и развиена како ризница на лесно достапни и широко применливи едукативни содржини и ресурси, со цел поддршка на воспитно-образовниот процес во одделенска настава.

Селектираните содржини се структурно поставени да ги следат воспитно-образовните цели предвидени за развојниот период од 6 до 10 години, како една од фазите кога учениците интензивно развиваат и усовршуваат многу вештини, совладуваат многу когнитивни, моторни операции и прошируваат разновидни предзнаења.

Истите нудат мноштво на приоди, идеи, игри и активности со кои дополнително би можел да се збогати воспитно-образовниот процес, а како особена придобивка на овие ресурси е вградената интеркултурна димензија. Истата е суптилно внесена преку промоција на јазични, културни, родови, физички, социјални, етнички посебности присутни како во локален, така и во глобален контекст. На овој начин наставните содржини, би ја добиле истовремено и интеркултурната карактеристика, како еден од поголемите предизвици на современото образование.

Сите содржини се достапни на три наставни јазици, односно на македонски, албански и турски јазик.

Во подготвувањето на понудените содржини се вклучи поголема групна на докажани одделенски наставници, со успешни и добри практики, како и тимот за едукација при НДЦ Скопје, односно:
Радица Ацевска, Сонај Билал, Оливера Ѓорѓиоска, Осман Емин, Ардијана Зибери, Мирсада Идризи, Анета Казиовска, Биљана Крстеска-Папиќ, Хана Мемеди, Габриела Мерџаноска, Нагихан Снопче и Мируше Џафери.

Eduresurs Video